Скопје: Му украле ранец од велосипед во кој имало близу 5000 евра !

Скопје: Му украле ранец од велосипед во кој имало близу 5000 евра !
јули 02 00:03 2018

А.Ц. (56) пријавил во скопската полиција дека синоќа на булеварот „Партизански Одреди” од страна на две непознати лица му била извршена тешка кражба.

Tој со точак се движел по булеварот, а две лица со моторцикл му се приближиле и му го украле ранецот од корпата во кој имало четири илјади евра, 50.000 денари и лични документи.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
  Категории: