ПРОТЕСТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА МОДРА СЛИВА ОД ПИЈАНЕЦ.РОДОТ ИМ ПРОПАЃА – ОТКУП НЕМА.

август 15 09:57 2018

И покрај најавите за субвенционирање на откупот на модра слива, овоштарите од Пијанец денес излегоа на протести, загрижени за годинашнава реколта која им скапува во овоштарниците. Тие се во паника откако произведоа околу 5.000 т. модра слива, а досега никој не се јавил да им ја купи:

  • Околу 1.000 т. вишна во Делчевско пропаднаа. Сега ќе пропаднат и околу 4.500 т сливи, дали ќе се откупат 500 т, вели проиводител на модри сливи.

На добар дел од овдешните овоштари сливите им се единствен извор на егзистенција. Годинава имаа добар род, ама тоа за нив не значи и добра среќа:

  • Има околу 300 т слива. За да се произведе тоа е работа, мака и пари и сега нема откуп, вели друг проиводител на модри сливи.

Ова е трета катастрофална година по ред за производителите на модра слива, откако претходните две поради мразовите во април, родот им беше уништен и до 90 па и 100 отсто:

  • Две години по ред мразот го уништува родот, сега имаме род немаме откуп. Ова веќе не се издржува, велат проиводители.

Поради ова, овоштарите бараат поенергични и поконкретни мерки од државата:

  • Владата мора да се заангажира и да се најде решение, во спротивно ќе пропаднеме, едногласни се проиводителите.

Инаку, од ресорното министерство вчера излегоа со нова мерка која предвидува по два денара субвенција за секој откупен килограм модри сливи, по цена не пониска од 5 денари за индустриска, односно 8 денари за свежа слива.

Но и покрај ова, откупувачи уште нема, а времето ги притиска земјоделците, зашто со секој поминат ден, тие губат многу. Сливите се лесно расипливо овшје, па оттука е разбирлива и паниката на производителите.

 

Извор: Тв Стар

  Категории: