Поставени мрежи на контејнерите на повеќе локации во населените места и туристичка населба Беровско ЕЗЕРО

Поставени мрежи на контејнерите на повеќе локации во населените места и туристичка населба Беровско ЕЗЕРО
ноември 26 19:28 2021

Во насока на подобрување на јавната чистота и заштита на животната средина,  Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга” постави  мрежи на контејнерите на повеќе локации во населените места и туристичка населба Беровско Езеро.

Мрежите се поставени со цел  да не се разнесува отпадот од страна на животни и за уредно одлагање на комуналниот отпад.

Правилното одлагање на отпадот е многу важно во грижата за животната средина, за која сите заедно сме одговорни.

Сите треба да имаме на ум дека со заштитата на животната средина се заштитуваме самите себе си и кога ќе ја достигнеме свеста, дека е неопходно да ја чуваме околината во која живееме, парковите, игралиштата, шумите, туристичките места, ќе сфатиме дека само така го зачувуваме сопственото здравје.

За поставување на 7 мрежи на контејнерите во наслените места во Берово и туристичка населба Беровско Езеро, од општинскиот Буџет ќе бидат потрошени 174.451,00 денари.

  Категории: