ОПШТИНА БЕРОВО НАГРАДЕНА СО ЕВРОПСКА ОЗНАКА ЗА ИЗВОНРЕДНОСТ НА УПРАВУВАЊЕТО

ОПШТИНА БЕРОВО НАГРАДЕНА СО ЕВРОПСКА ОЗНАКА ЗА ИЗВОНРЕДНОСТ НА УПРАВУВАЊЕТО
ноември 22 14:44 2022

На официјалниот настан за доделување на Европска ознака за извонредност на управувањето кој денеска се одржа во хотел Хилтон во Скопје, Oпштинa Берово е наградена со Европска ознака за извонредност на управувањето. Наградата ја прими градоначалникот Звонко Пекевски, кој истакна дека оваа награда е резултат на успешното справување со предизвиците на модерното време и здружениот труд на градоначалникот и тимот на соработници кои секојдневно работата во интерес на жителите на Општина Берово.

-На моја голема чест и задоволство, од страна на Европската организација за локална демократија – АЛДА, денеска ја примив наградата, со која, Oпштинa Берово е наградена со Европска ознака за извонредност на управувањето.Гордо ја примив наградата, на чие што доделување, присуствуваа претставниците на општините од Македонија, Хрватска и Косово, кои што, исто така, успешно ги спроведоа процесот.Слободно можам да кажам, дека оваа награда е резултат на успешно справување со предизвиците на модерното време, која што претставува здружен труд, на мене како градоначалник на Општина Берово и на тимот на моите соработници, кои неуморно одговараат на сите поставени барања и секојдневно работат во интерес на жителите на Општина Берово .Благодарност до моите соработници, за досегашната соработка и се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да го унапредуваме процесот на управување и ќе постигнеме големи резултати во насока на подобрување на животот на жителите на Општина Берово – истакна градоначалникот Звонко Пекевски.

Наградата на Општина Берово е доделена од страна на Европската организација за локална демократија – АЛДА, додека општината успешно го спроведе процесот на самоевалуација и покажа високо ниво на усогласеност со 12 Начела за добро демократско управување на Советот на Европа.

  Категории: