ООУ„ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ“ ДЕНЕС ГО ОДБЕЛЕЖУВА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК.

ООУ„ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ“ ДЕНЕС ГО ОДБЕЛЕЖУВА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК.
април 29 18:55 2021

Со творби на учениците на тема ,,Иљо Малешевски – вечен непокор“ се одблежува патраниот празник на основното училиште ,,Дедо Иљо Малешевски“ во Берово. Поради состојбата со Ковид 19 и протоколите за заштита, денот на училиштето не се прослави како во минатите години, истакна директорката на училиштето, честитајќи им го патрониот празник на сите ученици и вработени.

-ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски“ Берово го одбележува Патрониот празник на училиштето.Новите начини на живеење и протоколите кои станаа нормален свет и наше секојдневие и оваа година не ни дозволија да го прославиме денот на училиштето како што тоа го правевме во минатото. Денес, не го слушаме џагорот во училишниот двор. Учениците од дома творат на тема ,,Иљо Малешевски – вечен непокор“ кои творби освен што го опишуваат ликот и делото на Дедо Иљо, ќе сведочат за едно време во кое сите бевме физички раздвоени, но духовно сплотени. Најдобрите творби ќе бидат наградени. Во овој пролетен, топол априлски ден, на сите ученици и вработени го честитам Патрониот празник на училиштето со желби за добро здравје, среќа, успеси и што поскоро враќање во училишните клупи – рече Наташа Аврамска директор на ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски“ Берово.

Инаку претходно, патрониот празник на беровското основно училиште се одбележуваше со рецитали и реферати за ликот и делото на македонскиот војвода, Иљо Марков Малешевски, како и организирање на спортски натпревари и игри во чест на патронот на школото.

Оваа година се одбележуваат 77 години од постоењето на  ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”, па се надеваме дека оваа нова реалност ќе помине и следната година патронот на основното училиште во Берово, повторно ќе се одбележува како и претходно.

Инаку Општинско основно училиште ,,Дедо Иљо Малешевски” Берово,во чии рамки функционираат 6 подрачни училишта во моментот располага со вкупна бројка од 700 основци за чиј воспитно-образовен процес се задолжени 107 вработени.

Еве како се одбележуваше претходните години патронот на нашето основно училиште ,,Дедо Иљо Малешевски”.

  Категории: