ОДЛОЖЕН ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ.

ОДЛОЖЕН ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ.
август 19 18:07 2021

Почитувани,

Во интерес на запазување на јавното здравје, Ве известуваме дека и оваа година, ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ во чии рамки години наназад се одржуваше саемот ,,Малешевијата на дланка” и фестивалот на детски песни ,,Малешевско ѕвонче”, НЕМА да се одржи.

И покрај тоа што сите очекувавме дека пандемијата од Ковид 19 ќе се стави под контрола и ќе продолжиме со сите предвидени активности од областа на културата, за жал тоа не се случи и повторно имаме зголемен број на активни случаи и во општина Берово.Се надеваме дека успешно ќе се справиме со пандемијата, па со нови сили ќе се вратиме на нормалниот тек на живот.Здравјето е пред се!Искрено очекуваме дека самосвеста ќе проработи и нема да дозволиме бројот на заболени во општина Берово, секојдневно да расте.Ви посакуваме добро здравје!

  Категории: