НОЌЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ “МАЛЕШ КУП” СО НАГРАДЕН ФОНД НАД 150.000 ДЕНАРИ

НОЌЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ “МАЛЕШ КУП” СО НАГРАДЕН ФОНД НАД 150.000 ДЕНАРИ
мај 30 22:53 2022

Во Берово во тек пријавувањето за големиот регионален турнир во мал фудбал ,,Малеш Куп”, кој ќе се одржи кон средината на идниот месец. Турнирот е во организација на група ентузијасти кои информираа дека ќе биде прв ноќен турнир во траење од 12 дена.

-Пријавувањето на екипите е до 08.06.2022 година. Турнирот ќе се игра во формат 5+1. Предвиден е голем паричен награден фонд за најдобрите 3 екипи, а учеството од екипа е 5.000 денари, информираа организаторите.

Упатија покана до сите вљубеници во фудбалот да го прифатат предизвикот и да пријават своја екипа за учество. 

-За пријавување и повеќе информации заинтересираните екипи ги повикувам да не контактираат на 070-280-972 или на официјалната страница ,,Малеш Куп” на фејсбук, каде ќе можат да се запознаат со повеќе детали за учество на турнирот, досадоа организаторите.

Првиот турнир во мал фудбал ,,Малеш Куп” кој ќе се одржи на спортското игралиште кај старата гимназија во Берово, ќе започне на 15 јуни 2022, а истиот со награден фонд над 150.000 денари ќе биде поддржан од локалните бизниси во Берово.

  Категории: