Италијаните за евтини пари за Велигден ќе уживаат во нашето јагне. Сточарите, ќе бројат загуби.

Италијаните за евтини пари за Велигден ќе уживаат во нашето јагне. Сточарите, ќе бројат загуби.
март 20 21:37 2018

Италијаните за евтини пари за Велигден ќе уживаат во нашето јагне. Сточарите и оваа година ќе бројат загуби и ќе подголтнуваат кнедли од незадоволство. Причина за ова е ниската откупна цена по која се принудени јагнињата да им ги дадат на откупувачите:

  • Цената е 140 денари, никао да мрдне. Пред неколку години беше180 и 200, а сега сме принудени да ги даваме јагнињата за 140 , друг избор немаме, вели Илија Мушев, сточар.

Со ова цена, не можат да се покријат ниту трошоците:

  • Јас имам 400 овци, само храната ме чини 15.000 евра и пак немам. Сега ќе ги продадам јагнињата и морам д акупам јачмен. Должен сум за јачмен, за ванкцини за се, не само јас , сите сточари сме така, кажа Мушев.

Токму и поради ова, бројот на овци во овој дел од државата е во постојан пад. Трлата со по 50-60 овци одамна се затворија, а секоја година на пасиштата има се помалку ситен добиток.

За 10 години, бројот на овци во источниот регион се намалил од 140.327 на 126.603 грла добиток, или за 13.724. Тоа значи дека годишно, регионот губи по 1.372 грла.

  • Ако продолжи вака, со ниски цени и субвенции кои не се доволни за покривање на трооците, Македонија ќе остане без овци за три до пет години, смета Мушев.

Инаку, овчарството е трето по ред во извозот на земјоделските прехранбени производи во нашава земја. Годишно во просек се продаваат скоро 2.500 тони јагнешко и овчо месо, во вредност од 13 милиони евра.

Ако овој тренд на празнење на трлата продолжи, ова може за кратко време да се смени на лошо.

  Категории: