Започна санацијата на мостот во близина на с.Умлена

Започна санацијата на мостот во близина на с.Умлена
април 21 10:55 2021

Денес почнаа активности за санација на мостот на патот с.Чифлик – с.Умлена, во близина на село Умлена, пехчевско, информираа градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски.

Тој информира дека фирмата изведувач, работи на подготвителните активности, поставување на опрема на градилиштето, чистење на теренот од паднатите делови со исфрлање на шутот и широк ископ заради потребите од оплатирање на зидовите.

-Мостот кој го поврзува с.Чифлик со с.Умлена е воведен во работа денес, се работи под мостот, се носат механизации за бушење, ископ и сè што е потребно, изведувач има, се работи, сериозен зафат е, сериозно бил запоставен многу години, изјави Тренчовски.

Мостот се наоѓа во исклучително лоша состојба, за што реагираа и жителите.Финансиските средства се обезбедени од Буџет на општината, а фирма изведувач задолжена за реконструкција на мостот е СД.„Транс“ од Делчево.

Реконструкцијата ќе ги опфати темелите, столбовите по целата висина кои ќе се зајакнат со нов бетон и арматура, ќе се изврши промена на старите со нови лежишта. Во горниот строј на мостот предвидено е зајакнување на главните и попречните челични носачи, зајакнување на постоечката армирано бетонска коловозна плоча, изведба на хидроизолација, што значи се работи на сите позиции за целосна санација на мостот.

Рокот на изградба на мостот е 15 дена, додека превозот ќе се одвива нормално само за лесни возила.

  Категории: