ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА БЕРОВО ПРИСУСТВУВА НА ТРИДНЕВЕН ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО РЕПУБЛИКА ЧЕШКА

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА БЕРОВО ПРИСУСТВУВА НА ТРИДНЕВЕН ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО РЕПУБЛИКА ЧЕШКА
ноември 17 14:13 2022

Градоначалникот на Берово заедно со раководителот на Одделението за ЛЕР, присуствуваат на тридневниот Економски форум ,,Паметни градови во рамки на ЕУ – Западен Балкан”, што се одржува од 16 до 18 ноември во Прага, Чешка .

Саемот е посветен на трансфер на знаење, меѓу експертите на институционално и деловно ниво, со фокус на повеќе теми поврзани со одржливиот и паметен урбан развој.

Заедно со делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, составени од претставници од повеќе општини, имаа можност, да ги посетат релевантни примери на технички решенија во градовите низ Чешка, да размениме и да споделиме искуства.

Економскиот форум за паметни градови, има за цел да ги собере претставниците и експертите од ЕУ и од Западен Балкан, за да разговараат за можностите за проширување на економската соработка и унапредување на процесите на интеграција.

Настанот е организиран со Министерството за индустрија и трговија на Чешката Република и другите партнери учесници: Европската комисија, Министерството за надворешни работи на Чешката Република, Министерството за регионален развој на Република Чешка, Пактот на градоначалниците на ЕУ, Чешката трговија и Чекинвест.

Чешката Република ги поддржува напорите за интеграција на земјите од Западен Балкан, повеќе од една деценија и ја одразува континуираната поддршка, давајќи им приоритет на односите со ЕУ.

  Категории: