ВРИЕ ОД НЕЗАДОВОЛСТВО ВО РОМСКАТА ПАРТИЈА ПДПР.

ВРИЕ ОД НЕЗАДОВОЛСТВО ВО РОМСКАТА ПАРТИЈА ПДПР.
август 23 03:48 2021

Членови на неколку општински организации и челници од Партијата за демократски просперитет на Ромите, се незадоволни и своеволно излегуваат од партијата.На денешниот прес членовите истакнаа дека причината за нивното повлекување од партијата се нереализираните партиски барања, личните недоразбирања и затаените средби како и пасивноста на лидерот на партијата Аксел Ахмедовски.

-Нашата цел при создавањето на партијата беше да се види дека постоиме, интензивно да се интегрираме во системот, да дојдеме до степен да креираме активни политики на државно ниво и да работиме за нашот народ.Нереализираните партиски барања и личните недоразбирања, пасивноста на лидерот Аксел како и затаените средби со ограноците, придонесоа за разочарување и своеволно заминување на членови од самиот Централен одбор на партијата – рече Мустафа Дуровски член на раководството и општинската организација на ПДПР од Пехчево.

Дуровски додаде дека чашата на незадоволство и одлив на членови од партијата ја прелило последните случувања во општина Пехчево, поточно со вработување на зетот на претседателот на партијата Аксел Ахмедовски, како медијатор во Здравниот дом, при што со овој потег се создал уште поголем револт на членовите и самата ромска заедница во Пехчево.

-Со оглед на последните случувања во Општина Пехчево, поточно последното вработување на здравствен медијатор на жител од друга општина, а по некоја случајност во роднинска врска поточно зет на Аксел Ахмедовски, донесе ново разочарување дури и револт на граѓаните Роми.Од тука се наметнува прашањето, зошто медијатор од друга општина, кога ние тука во Пехчево имаме доволно образован кадар.Имаме студент Ром без родител и други дваца студенти Роми со по еден родител.Самиот тој Аксел Ахмедовски беше присутен во простриите во Здравниот Дом (не знам во кое својство), кога бев повикан и затечен со оваа ситуација од страна на директорката.Ромите од Општина Пехчево ќе побараат институционална одговорност, за во иднина да не ни бегаат младите интелекти токму поради такви лидерчиња.Ставот на ОО ПДПР Пехчево е да лидерот на партијата од морални причини си даде оставка на функцијата преседател – додаде Дуровски.

И секретарот на Партијата за демократски просперитет на Ромите, кој неодамна ја напушти партијата, потврдува за одливот на челници поради личните ставови на поединци и големата непочит која владее внатре меѓу нив.

-Во суштина тоа не е политичка партија, туку ние си игравме политичка партија, глумевме политичари дека оваа партија е партија.Скоро 30 одсто од партијата се откажаа, односно челниците поради личните ставови што ги имаат поединци.Јас сметав дека оваа партија ќе придонесе за доброто на заедницата, но потоа видов дека челниците на самата партија имаат многу ниско мислење во однос на заедницата и ставовите и работата кон заедницата беа скоро никакви, па така решив да се тргнам.Како прво сакам да наведам дека меѓусебната комуникација е на многу ниско ниво и второ луѓето внатре имаат голема напочит еден спрема друг, секој си прави што сака да го прави, никој не прави тоа што е став на партијата.Од тоа видов дека моето место не е тука и дека моите очекувања од партијата не се исполнети скоро ниту еден процент – рече Шенај Османов доскорашен секретар на ПДПР.

Доказ за незадоволството и масовниот одлив на челници и членови од партијата, е неизградениот став на партијата за престојните локални избори.Тоа го потврдува и првата независна листа за советници во општина Кочани, која ја поднесе и за три часа ги собра потребните потписи токму потпретседателот на ПДПР Аки Акиов.

-Јас како член на партијата, ги имам замрзнато сите активности во ПДПР, се додека не се ревидира и реорганизира Централниот одбор.Инаку спомнав пасивност,ПДПР не успеа да иградии свој став за престојните локални избори.Гледате дека порталите вријат.Прва независна листа на советници со собрани потписи поднесе г-дин Аки Акиов инаку потпретседател на партијата.Парадокс и во Општина Велс, каде г-дин Гарп Мемиш собира потписи за независна листа кој е член на ЦО на ПДПР.Ромскиот електорат се оставени на милост и немилост.Истото незадоволство се случува како во Пехчево така и во соседно Берово, како и во неколку општини од Истокот на државата – истакна Дуровски.

Инаку партијата ПДПР беше формирана во 2019 година, каде за претседател беше избран Аксел Ахмедовски правник од Делчево, кој претходно беше министер без ресор.Со последните парламентарни избори, Партијата за деократски просперитет на Ромите коалицираше со СДСМ, па моментално претседателот на партијата Ахмедовски е советник по право на премиерот Зоран Заев.

Што ли ќе донесе оваа незадоволство и одлив на членовите и челниците на ПДПР и дали партијата ја очекува тотален ремонт или нешто друго, ќе видиме во бурниот период кој што следува.

  Категории: