(ВИДЕО) ИЗГОРЕ КУЌА ВО ВЛАДИМИРОВО.ПРИЧИНЕТА Е ГОЛЕМА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА.

(ВИДЕО) ИЗГОРЕ КУЌА ВО ВЛАДИМИРОВО.ПРИЧИНЕТА Е ГОЛЕМА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА.
април 27 15:17 2021

Утрово во 2 часот во ОВР Берово бил пријавен пожар на куќа во селото Владимирово.Во пожарот нема повредени лица а причинета е голема материјална штета.Со две возила навремено интервенирала екипа од ППЕ Берово, со што пожарот е локализиран и спречен да се прошири во околните куќи.

Во куќата која е во споственост на две семејства, живеела само 69 годишната Олгица, која за време на пожарот успеала да излезе навреме.Вели пожарот и уништил се што имаат, од документи до целата покуќнина, а живее само со еднократна помош за стари лица.

Семејствата на опожарената куќа која е целосно уништена, бараат помош од локалните институци за расчистување на местото.

Од СВР Штип го потврдија пожарот и додадоа дека увидот е сеуште во тек.

  Категории: