ВИДЕО:ПРЕКРАСНО БЕРОВСКО ЗАЈДИСОНЦЕ.

ВИДЕО:ПРЕКРАСНО БЕРОВСКО ЗАЈДИСОНЦЕ.
септември 12 14:52 2020

Има нешто неописливо во чувството кое го имаме додека набљудуваме зајдисонце. Иако сонцето секогаш заоѓа на запад, има нешто посебно во секое зајдисонце кое се набљудува од различно место на светот. Едноставно, има зајдисонца кои ќе ви кажат дека во тој момент нема ништо друго поважно на светот од залезот на сонцето.

Нема поубаво место за уживање во небото од Берово и прекрасните борови шуми кои го опкружуваат нашето мило градче.Локалните планински места исполнети со флора и фауна и прекрасните пешачки и велосипедски патеки го прават Берово привлечно за секој кој сака да најде мир и спокој и да го избистри и исполни со природен фокус своето тело и дух.

Екипата на Малеш Нет забележи токму едно од многубројните зајдисонца во планнските предели на Берово.

Погледнете го видеото:

  Категории: