Бесплатно лекување за децата на семејствата социјални-случаеви.

Бесплатно лекување за децата на семејствата социјални-случаеви.
март 28 16:57 2018

Лицата на возраст до 18 години чии семејства се корисници на социјална парична помош нема да плаќаат партиципација при користење здравствени услуги.Со ова, од Министерството очекуваат да се зголеми достапноста на здравствени услуги и да се поштеди оваа вулнерабилна група од дополнителни финансиски трошоци при остварување на правото за здравствена заштита. Станува збор за програма која ќе ја спроведува Министерството за здравство со која ќе бидат опфатени 20.000 лица и за која од буџетот се одвоени 20 милиони денари.Ослободувањето се однесува на партиципација за здравствени услуги, болничкото лекување и специјалистичко консултативна дејност.

 

  Категории: