Фармацевтскиот бренд Зегин за прв пат спонзор на манифестацијата Богојавление – Водици во Пехчево

Фармацевтскиот бренд Зегин за прв пат спонзор на манифестацијата Богојавление – Водици во Пехчево
јануари 18 17:50 2022

Најголемиот фармацевтски бренд во Македонија – ЗЕГИН за прв пат оваа година ја подржува најмасовната црковно-народна манифестација Богојавление- Водици во Пехчево. Зегин за најсреќниот кој ќе го извади светиот крст од водите на реката Писа, ќе му подари машина за перење на алишта.

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, изразува огромна благодарност до фармацевтскиот бренд – ЗЕГИН, кој станува голем пријатели на Пехчево.

„Пехчево како Општина изразува исклучителна благодарност кон оваа донација од нашиот голем пријател компанијата „Зегин“ и фамилијата Механџиски. Зегин станува голем пријател на Пехчево и на самата општина, вистински пример за општествено одговорна компанија која вложува и поддржува во својата средина и општеството“, рече Китански.

Инаку, од локалната самоуправа за оној кој ќе биде најсреќен и ќе го фати Богојавленскиот крст во реката Писа, ќе добие LCD телевизор, а парична награда следува и од црквата Св. Петар и Павле.

Се известуваат сите заинтересирани кои ќе се обидат да го фатат Светиот крст поради најавените утрински ниски температури треба пред да скокнат во водите задолжително да извршат медицински преглед кај матичниот лекар.
Доколку не извршиле преглед кај матичниот лекар на самиот ден на фрлањето на крстот прегледот можат да го направат во итната служна при Здравствениот дом „Д-р Иван Георгиев“ во Пехчево кај д-р. Ванчо Димитровски, во период од 07 до 09:30 часот.

Сите кои извршиле медицински преглед задолжително треба да се пријават кај отец Горан Димитковски или на телефонскиот број 078/394-520 каде ќе се прави список на тие што го извршиле прегледот.
Тие што не извршиле медицински преглед нема да можат да скокаат по Светиот крст.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.