СПРОВЕДЕНА ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ

СПРОВЕДЕНА ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ
јуни 28 14:25 2022

Во рамките на активновностите за превенција и заштита од пожари на отворен простор, екипи на ТППЕ Берово,  ОВР Берово, Дирекција за заштита и спасување и ЈП ,,Национални шуми” , денеска  спроведоа едукативна кампања за заштита од пожари,  поради   високите температури во летниот период  и опасноста од појава на пожари.

Како институции, делуваме системски и редовно ги следиме критичните подрачја, со цел  да се превенираат предизвикани пожари- истакна командирот на ТППЕ , Сашко Руменовски.

Беа поделени флаери со едукативна содржина и упатен е АПЕЛ до сите граѓани:

АПЕЛИРАМЕ НА СОВЕСНО ОДНЕСУВАЊЕ ! Да не се пали оган на отворено, сите  да бидат внимателни при движење во шума, да не се фрлаат шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење отпад и друг запалив материјал и да не се фрлаат остатоци од цигари на отворен простор.

Да ги чуваме нашите шуми и да ја заштитиме животната средина!

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.