(САТИРА) Филипче: На вработените по Рамковен ќе им биде забрането да седат дома ако не се вакцинираат

(САТИРА) Филипче: На вработените по Рамковен ќе им биде забрането да седат дома ако не се вакцинираат
ноември 18 19:25 2021

Министерот за здравство, Венче Филипко, кој деновиве ги промовираше новите мерки според кои сите вработени во државниот сектор задолжително ќе мора да се вакцинираат ако сакаат да го задржат своето работно место, денес соопшти дека тие ќе важат и за вработените по Рамковен, кои во најголем дел „работат“ од дома.

  • Нема попуштање и нема повлекување! Сите вработени на државно, без разлика дали работат од канцеларија или лежат од дома, ќе мораат да примат вакцина или во спротивно ќе сносат последици. Ова важи и за вработените по Рамковен, кои во случај да одбијат да се вакцинираат, ќе добијат забрана за седење дома и ќе мораат да се појават на своето работно место. Ако ова не ги мотивира да се вакцинираат, тогаш навистина не знам што да правиме. – рече Филипче.

За оваа мерка министерството за здравство ги информирало и зелените од ДУИ како најзасегнат фактор од рамковните вработувања, но од таму не добиле никаков повратен одговор затоа што еколозите не можеле да се соземат од смеење на идејата на министерот.  

Автор:Иљче (kooperacija.mk)

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.