ПОРТАЛОТ МАЛЕШ НЕТ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ДО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА ПОСТАВУВАЊЕ СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕ ВО ЧЕСТ НА ВЕРИЦА БЕЛЧОВСКА.

ПОРТАЛОТ МАЛЕШ НЕТ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ДО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА ПОСТАВУВАЊЕ СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕ ВО ЧЕСТ НА ВЕРИЦА БЕЛЧОВСКА.
април 23 18:41 2021

Порталот Малеш Нет денес до Советот на Општина Берово, поднесе иницијатива за поставување на спомен-обележје и именување на центарот на село Русиново со името на нашата постхумна хероина Верица Белчовска.Во спроведената комуникација со граѓани на Берово, истата едногласно ја подржаа, а во склоп на иницијативата безрезервна поддршка даде и компанијата „Зегин“ и г-дин Благој Механџиски, кој ќе учествува во донација за поставување на фонтана во чест на Верица Белчовска.

Според нас, тоа е најмалку што можеме да сториме за нашата Верче, со цел споменот за неа и храбриот чин на нејзиното семејство вечно да го обележува нејзиното родно место Русиново.

Исто така порталот Малеш Нет поднесе уште една иницијатива за достојно обележување на спомен местото на нашиот херој и белег на градот Дедо Иљо Малешевски.Во иницијативата предлагаме да се постави спомен-обележје, да се осветли местото каде што била неговата куќа и да се постави дигитална рамка на која ќе бидат презентирани информации за ликот и делото на Дедо Иљо Малешевски.Оваа година одбележивме 123 години од неговата смрт и мислиме дека оваа иницијатива е неопходна за нашиот град, со што ќе се збогати туристичката понуда на Берово и ќе остави и долготраен спомен за идните генерации.

Седницата на Советот на Општина Берово е закажана за во Вторник и очекуваме позитивно да се произнесат сите советници.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.