ПИНГПОНГАРСКИОТ КЛУБ ЗЕГИН ОД БЕРОВО ВЛЕЗЕ ВО ПРВАТА ЛИГА.

ПИНГПОНГАРСКИОТ КЛУБ ЗЕГИН ОД БЕРОВО ВЛЕЗЕ ВО ПРВАТА ЛИГА.
мај 30 19:34 2021

Нашите пинг понгари од ППК Зегин продолжуваат со успешните резултати на државно ниво.Овојпат беровскиот пинк понг клуб „Зегин“ во бараж натреварот со 4:1 го совлада првакот во западниот регион „Евроспин“ од Битола и со тоа заслужено влезе во првата пинг понг лига.

-Среќен сум што нашите играчи од ППК Зегин се претставија во најдобро светло и во еден одличен натпревар ја надигравме првопласираната екипа од западниот регион.Покажавме цврстина во бараж натпреварот со екипата на „Евроспин“ од Битола и ја остаривме нашата цел по која што и дојдовме а тоа е влез во првата македонска пинг понг лига.Имаме на што да се радуваме и ние од клубот, така и нашиот град Берово.Како тренер сакам да им посакам уште поголеми успеси на нашите играчи и ќе продолжам да работам со нив и да ги мотивирам во нивните понатамошни достигнувања во областа на овој спорт.Благодарност до сите што веруваа во нас и сите што помогнаа, а посебна благодарност упатувам до компанијата Зегин – рече Јован Ковачовски тренер на ППК Зегин Берово.

Инаку по големиот подем на клубот во младите категории со мотивирачка понуда до младите пинг – понгари излезе копанијата Зегин со стипендија за секое дете кое ќе успее да влезе во репрезентацијата на Македонија. Моментално од вкупно 18 репрезентативци избрани од актуелните ранг листи во категории од 12, 15 и 18 години, на подготовки со репрезентацијата на Македонија од селекторот Сашо Богатинов беа четири играчи од Берово. Кристијан Каламадевски, Моника Стајковска и Изабела Ковачовска беа на подготовки со репрезентацијата на камп во Струмица, а Љупчо Треновски на европски камп во Подгорица.

  Категории: