ПЕКЕВСКИ : ГОЛЕМА ПОБЕДА – БЕРОВО ПРОДОЛЖУВА НАПРЕД, НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД

ПЕКЕВСКИ : ГОЛЕМА ПОБЕДА – БЕРОВО ПРОДОЛЖУВА НАПРЕД, НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД
октомври 17 23:31 2021

Почитувани граѓани, жители на Берово, жители на Малешевијата. Имаме ГОЛЕМА ПОБЕДА во прв круг на локалните избори и на избор за градоначалник и за советници кои нема да блокираат. БЕРОВО ПРОДОЛЖУВА НАПРЕД, НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД.

Граѓаните ја препознаваат посветеноста, отчетноста, транспарентноста, подадената рака кон секого.

Како што потенцирав на сите средби, митинзи и разговори со граѓаните, ја продолжуваме градежната експанзија, се грижиме за сите категории граѓани, проекти ќе има за сите, ќе разговараме со сите да дефинираме приоритети за заедно да живееме поубаво во НАЈУБАВИОТ ГРАД во Македонија.

Им се заблагодарувам на Берово, Дворишпте, Русиново, Мачево, Ратево, Смојмирово, Владимирово, Будинарци и Митрашинци, им благодарам на сите граѓани на Општина Берово на препознаената посветеност, на делата и проектите кои ги сработивме и на довербата за во иднина да ја водам Општината и да го унапредуваме квалитетот на животот на сите жители.

Вечерва да се чувстуваме сите славенички, сите граѓани, без разлика кому му ја дале довербата бидејќи демократијата победи, посветеноста победи, желбата да го унапредиме квалитететот на животот на секој победи. ПОБЕДИ БЕРОВО.

БЕРОВО ПРОДОЛЖУВА НАПРЕД, ЗА СИТЕ ВАС. НЕМА ВРАЌАЊЕ НА НАЗАД