Општините ќе управуваат со градежното неизградено земјиште.

Општините ќе управуваат со градежното неизградено земјиште.
март 13 18:38 2018

Општините ќе управуваат со градежното неизградено земјиште. Ова, денес  со договор го потврдија Министерството за транспорт и врски и ЗЕЛС , како дел од напорите за поголема децентрализација, но и зголемување на општинските капацитети:

  • Сакаме да воспоставиме систем во кој продажбата на градежно државно земјиште ќе се води на најтранспарентен начин, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Дополнително, ЗЕЛС во иднина ќе управува и со т.н. е-градежно земјиште, односно со  електронски систем преку кој по електронски пат се вршат сите постапки за купопродажба или закуп на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија:

  • Приоритетот на ЗЕЛС е сите општини да ги исполнат условите за управување со неизградено градежно земјиште и самите да ги спроведуваат постапките во овој систем, како еден од клучните предуслови и една од најголемите придобивки во процесот на децентрализација, изјави Петре Шилегов, прет. на ЗЕЛС.

Овој систем досега го користат 46 општини кои ги имаат исполнето сите услови утврдени со закон и се стекнале со право да управуваат со неизграденото градежно земјиште, сопственост на Република Македонија. Во останатите општини постапките се водеа преку Министерството за транспорт и врски.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.