ОПШТИНА ПЕХЧЕВО СО 1,6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ ГРАДИ УЛИЦИ ВО С.ЦРНИК.

ОПШТИНА ПЕХЧЕВО СО 1,6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ ГРАДИ УЛИЦИ ВО С.ЦРНИК.
мај 10 17:02 2021

Преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, кој што го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка, на девет општини, меѓу кои и Општина Пехчево и се доделени финасиски средства за капитални проекти.Како резултат на претходно успешно спроведени подпроекти преку Проектот за подобрување на општинските услуги, Пехчево има добиено 1,6 милиони денари за изградба на локални улици во с. Црник.

Градоначалникот Драган Тренчовски информира дека со ова локалната самоуправа ја потврдува грижата за добрите инфраструктурни услови во градот и селата.

– Реализирањето на проектот за изградба на улици во с.Црник ќе биде од огромно значење за самите жители кои одамна имаат потреба од подобра патна инфраструктура. Со овој проект ќе бидат уредени и реконструирани повеќе селските улици од централниот дел и периферијата на с.Црник кои навистина беа во исклучително лоша состојба и го отежнуваа сообраќајот и движењето на жителите. Со ова ја потврдуваме грижата за добрите инфраструктурни услови во градот и селата која континуирано ја покажува локалната самоуправа во општина Пехчево – вели градоначалникот Тренчовски.

Инаку, на девет општини од земјава и се доделени 206,6 милиони денари или 3,4 милиони евра преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, која што го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.