Министерот за ванатрешни работи Оливер Спасовски, денес ја посети полициската станица во Берово, а исто така оствари средба и со градоначалникот Звонко Пекевски.
На работната средба градоначалникот Пекевски истакна дека разговарале за стапката на безбедност во Општина Берово која е меѓу најбезбедните општини во државата како и состојбата на повеќе сообраќајници во градот и решавање на некои од нив кои ќе овозможат непречено движење и користење на истите кои во одереден период од годината се узурпирани.
Министерот Спасовски изрази задоволство од работната посета во Берово и задовлство од работата и условите во полициската станица, каде стапката на криминалитетот е во опаѓање а тоа се должи на зголемената ефикасност на полицијата.
На актуелното прашање за престојниот референдум министерот Спасовски рече дека 30 септември ќе биде голем ден за Македонија со успешен референдум и ги повика сите граѓани да се приклучат и заеднички да дадат подржка на патот на Република Македонија кон Нато и Европската Унија.
По средбата министерот Оливер Спасовски, прошета низ градот каде што се сретна со повеќе граѓани на Берово.