„Гранд хотел“ која се наоѓа во Приштина, на интернет е опишан како „ одвратен“, „рушевина“, „апсолуен хорор“, пишува Њујорк тајмс.
Новинарот Ендру Хигинс, којшто престојувал таму, рекол дека на менаџерите не им пречи тоа што има лоши критики на интернет. „ Не прифаќаат резервации на интернет, едвај нудат пристап до интернет, а хотелот нема ни свој емаил“, пишува новинарот.
Во времето на Југолавија, овој хотел бил синоним за богатство, а сега е во страшна состојба, дури и косовскиот претседател Хашим Тачи има проблем да каже нешто убаво за него, се вели во весникот.
„Не мислам дека е најлош хотел во светот, само затоа што светот е преголем“, рекол Тачи откако дознал дека новинар на Њујорк Тајмс престојува во хотелот.
Тачи мисли дека на негово место би можела да се изгради кула „Трамп“, се наведува во текстот.
Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли рекол дека хотелот можеби не е најлош во светот, но секако е на дното.
„Навистина е ужасен. Како можете тука да престојувате? Како воопшто некој може во хотелот да престојува?“, се зачудил Пацоли разговарајќи со новинарот.
Според неговата проценка, потренни се околу 50 милиони долари за да може хотелот повторно да стане она што некогаш бил.
„ Кога дојдов во хотелот со 500 соби, бев единствениот гостин. Хотелот е лежиште на птици на повисоките спратови, а подрумот, кој некогаш го користеле српските паравојници, изнајмен е за велнес клубови“, пишува новинарот.
Наведува дека хотелот е напуште, дека услугата е минимална или непостоечка, мириса на дим од цигари, додека зелениот тепих на повеќето спратови е исфлекан и оштетен.
„ Има и бубашваби.“, пишува авторот.
Според него сепак хотелот заслужува подобри рецензии. Два спрата, според новинарот сепак се подготвени за гости, собите се чисти, а понекогаш има и топла вода.
„ Неколку луѓе од персоналот сепак се обидуваат да помогнат, а јасно е дека се посрамотени поради лошата состојба на некогашниот познат хотел.“, пишува Хигинс и додава дека бившиот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, имал свој апартман на четвртиот спрат во хотелот во Приштина.
Извор: faktor.mk
Quis facilis placerat ex quo, facete facilis et est. At persius indoctum euripidis mea, te veri dolores ius. Mei id mutat expetenda consetetur, an per eirmod habemus, ius at fierent corrumpit.