ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ “ПРО АНИМА” ОД БЕРОВО ОБЈАВИ ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНА СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА ЖЕНСКИ КУЧИЊА

ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ “ПРО АНИМА” ОД БЕРОВО ОБЈАВИ ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНА СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА ЖЕНСКИ КУЧИЊА
октомври 12 11:56 2021

Здружението за заштита на животните ПРО АНИМА Берово, во согласност со донесената Одлука за распределба на средства од Буџетот на Општина Берово наменети за програмски активности на здруженија и фондации, објавува повик за финансирање на стерилизации на 20 женски кучиња.

Доколку сте жител на Општина Берово кој е сопственик на женска единка и сакате да ја стерилизирате, со цел да превенирате потомство и кученца за кои ќе немате решение, пријавете се!
Немате никаква друга обврска освен да се пријавите и да го однесете миленикот до најблискиот ветеринар во закажаниот термин.
Интервенциите се бесплатни и целосно покриени од наша страна!

Ве очекуваме во порака!

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.