ЗАПОЧНУВААТ БУЏЕТСКИТЕ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА ЗА КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2023 ГОДИНА

ЗАПОЧНУВААТ БУЏЕТСКИТЕ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА ЗА КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2023 ГОДИНА
октомври 18 16:17 2022

Ги покануваме жителите на Општина Берово и населените места, да учествуваат на буџетски форум кој го спроведува општина Берово, како процес пред креирање на Буџетот на Општина Берово за 2023 година

На форумските сесии, присутните, преку своето учество, ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Берово за тековната 2022, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната 2023 година. Воедно присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни активности, за да можат подоцна да бидат ставени во  програмите за 2023 и понатаму да бидат составен дел на Буџетот на општината за 2023 година.

Првата форумска сесија ќе се одржи на 21 октомври 2022 година (Петок) со почеток во 13:00 часот во просториите на Големата сала на Општина Берово.

Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците  на  институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на Буџет на општина Берово за 2023, по мерка на граѓаните .

Општина Берово

Градоначалник Звонко Пекевски

  Категории: