ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО НА СИТЕ УЧЕНИЦИ

ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО НА СИТЕ УЧЕНИЦИ
септември 01 13:20 2021

Новата учебна година за сите ученици од основните и средните училишта, денес започна со физичко присуство и посебни здравствени протоколи.Во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово и шесте подрачни училишта после година ипол, сите ученици се вратени во школските клупи.Како што истакна директорката на основното училиште, 84 првачиња се запишале годинава, со што запишаниот број на првачиња е идентичен со претходната година.

Училиштето во Берово ги исполнува сите услови за почеток на наставата и сите мерки и препораки за заштита на децата се превземени, со изготвен распоред на секоја паралелка за влегување и излегување во училиштето.

Родителите пак на првачињата, им посакаа успешна школска година и добро здравје на своите најмили, со надеж дека сите ученици до крајот на годината ќе бидат на настава со физичко присутво.

Во средното училиште „Ацо Русковски“ во Берово, училишниот ден започна за 347 средношколци, што за 20 ученици е помал бројот во однос на запишаните од претходната година,-истакна директорот на средното училиште Сашко Корчовски.

Инаку,ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово, ја започна новата учебна година со нови електронски табли, телевизори, принтери и други нагладни средства, кои се предвидени во новите наставни програми.

За сите ученици од четврто одделение, набавени се таблети, на кои ќе бидат инсталирани дигиталните учебници, со што се води грижа, сите ученици да бидат еднакви и целосно подготвени, да ја започнат учебната година, а трошоците на родителите да бидат намалени.

За подготовките за почетокот на новата учебна година, од Буџетот на училиштето издвоени се околу 3.000.000,00 денари.

Во Македонија, првиот училишен ден со физичко присуство се спроведува во сите основни и средни училишта, а исклучок ќе бидат средните училишта во Тетово и Гостивар каде наставата ќе се одвива онлајн во првите 14 дена од почетокот на учебната година, а во Кичево и Струга во првите седум дена. По завршувањето на овој период, како што вчера соопшти Владата, ќе бидат донесени нови мерки согласно развојот на ситуацијата.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.