Заев најавува легализација на марихуаната во туристичките места.

Заев најавува легализација на марихуаната во туристичките места.
ноември 20 21:33 2020

Премиерот Зоран Заев најави декриминализација и легализација на марихуаната во туристичките места. Тој во интервју за македонската редакција на „Дојче веле“ истакна дека декриминализацијата и легализацијата на марихуаната може многу да им помогнат на туризмот и на угостителството.

– Идејата е во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата, постојни и нови, со почитување на одредени стандарди – вентилација, доказ за потекло на марихуаната и слично, да се овозможи консумација на марихуана – вели Заев.
Според премиерот, стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.

– Верувам дека за мала земја тоа може да донесе сериозен развој на угостителството и туризмот, имајќи ги предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места – вели тој.
Неговата процена е дека овој проект може да ѝ помогне на угостителската дејност, но и на туризмот генерално, а додава дека ако мнозинството се спротивстави на идејата, ова прашање нема да се чепка, пренесува „Дојче веле“.

Фото: skopskoeho.mk


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.