Деница Николова:Ќе инвестираме 9 милиони евра, за граничниот премин “Клепало”.

Деница Николова:Ќе инвестираме 9 милиони евра, за граничниот премин “Клепало”.
февруари 21 17:28 2021

Република Бугарија планира да одвои околу 9 милиони евра за изградба на граничниот премин Клепало меѓу Струмјани и Берово, кој е стратешки проект за обете земји. Во интервју за „Бугарија он ер“, заменик-министерот за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, Деница Николова истакна дека со реализација на оваа активност ќе се подобри поврзаноста меѓу двете земји, ќе се олесни трговијата и промовира туризмот. 

-Проектот предвидува изградба на целата неопходна инфраструктура, вклучително и дел од пристапните патишта, истакна Николова.
Николова за бугарската тв, додаде дека како дел од 17-годишно партнерство помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија во областа на прекуграничната соработка се спроведени 230 заеднички проекти, од кои 60 проекти се во претпристапните програми на ЕУ, а останатите 170 се спроведени во двата програмски периоди од 2007 година до денес. 

-Во периодот до 2027 година Бугарија ќе инвестира 50 проценти повеќе средства за развој на пограничните региони со Република Северна Македонија во рамките на програмата за прекугранична соработка во споредба со ресурсот од нешто повеќе од 19 милиони евра, за кои сме инвестирале сегашното. Како Влада, вложивме напори да го зголемиме буџетот во знак на проширување на нашата поддршка за териториите што се важни за нас, додаде Николова во емисијата „Брисел 1“ која се емитува на „Бугарија он ер“.

Предвидената програма, како што дополни Николова, го поддржува подобрувањето на животната средина во регионите, развојот на туризмот, културата и други области. 


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.