Берово важел и ќе важи за револуционерен град.Токму денес одбележуваме 144 години од првото оружно востание во Македонија, оганизирано од нашиот револуционер и татко на нашиот град Димитар Поп Георгиев-Беровски.
Главни иницијатори и организатори на востанието биле Димитар Поп Георгиев Беровски (1840-1907 г.) и неговиот дедо Поп Стојан од Разловци.
Разловечкото востание, и покрај неговото брзо пропаѓање, е од особено значење за историјата на македонскиот народ. Востанието самостојно го организирала, материјално го издржувала и го извела македонската световна и духовна интелигенција, со масовно учество на селанството.
Во чест на нашиот револуционер Димитар Беровски, издвојуваме парче епизода од ТВ серијалот – Народни трибуни, снимена 1987 година во Берово.