ДЕЛЧЕВО: ГО НАТЕПАЛА СОПРУГОТ,ПРИВЕДЕНА 32 ГОДИШНА АЛБАНКА

ДЕЛЧЕВО: ГО НАТЕПАЛА СОПРУГОТ,ПРИВЕДЕНА 32 ГОДИШНА АЛБАНКА
март 16 19:23 2022

По семејна расправија која се случила помеѓу брачни сопружници во делчевско село, приведена е триесет и две годишна жена од Република Албанија.

Случајот го потврдија од делчевската полиција и посочуваат дека жената ја товарат за физички напад врз нејзиниот сопруг.

-Полициски службеници од Полициската станица Делчево на 15.03.22 ја лишиле од слобода С.Ѓ.(32) од Република Албанија, со место на живеење во делчевско село, затоа што околу 18.00 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот сопруг, се вели во соопштението од полицијата.

По комплетирање на случајот против С.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор:Сител Тв

  Категории: