ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМЈАНИ ИЛИЕВ ОД БЕРОВО: ЗА ДВЕ ГОДИНИ ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ГП„КЛЕПАЛО“

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМЈАНИ ИЛИЕВ ОД БЕРОВО: ЗА ДВЕ ГОДИНИ ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ГП„КЛЕПАЛО“
март 17 19:37 2023

За најдоцна две години, може да се очекуваат видливи резултати во врска со отворањето на граничниот премин Клепало. Актуелните градоначалници на Општините Берово и Струмјани, Звонко Пекевски и Емил Илиев на денешната прес конференција по повод реализацијата на заедничкиот проект ,,Волонтери преку граница” велат дека ова прашање е меѓу главните ангажмани за време на нивните мандати, подвлекувајќи дека се работи за долгогодишна болка и желба на самите жители од двете страни на границата која е присутна повеќе од 40 години.

-Искрено ми е драго што во нашите мандати и како последователни градоначалници успеавме да ја задржиме да ја задржиме оваа перманентна политика за отворање на граничниот премин како стратешки проект за реализација во новата програма за развој на општините од двете страни на границата помеѓу Бугарија и Македонија. Стратегискиот проект моментално означува 30 проценти од целата прекугранична програма меѓу Бугарија Македонија која е близу 10 милиони евра. Секако чекорите и патот кој мора да се изодат се не помалку од две години, до отворањето на самиот пункт, со оглед на процедурите кои во моментот се реализираат како дел од подготовката на проектот, истакна градоначалникот на Струмјани, Емил Илиев.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски умерен во својата изјава вели дека темата која е стратешки проект во наредниот програмски период навистина е од големо значање, но како што додава толку многу е експлоатирана во изминативе 30 години што граѓаните практично и не веруваат во нејзина реализација.

-Бидејќи темата е користена за многу изборни прилики јас би сакал кон вашето прашање само да додадам дека недовербата е голема. Меѓутоа нашата заедничка цел со градоначалникот Илиев е колку што можеме во наредниот период да направиме се што можеме и да дадеме свој активен и силен придонес, оваа конечна желба насочена кон отварање на тој граничен премин биде реалност. Само на тој начин економскиот развој на општината, а секако и благосостојбата на семејствата ќе биде реален, бидејки живееме во едно гратче, во една општина која нуди поголеми можности, рече Пекевски.

Во моментот од бугарска страна недостигаат осум километри пат кои водат до граничниот премин Клепало, додека од македонска страна ќе биде потребно реновирање на веќе постоекиот пат кој со тек на времето беше оштетен.

Инаку отварањето на граничниот премин Клепало жителите на Берово и соседната бугарска општина Струмјани, го чекаат повеќе од три децении, кој досега беше ветен од многу политички гарнитури на власт, но дали ќе се случи тоа за две години, останува да покаже времето.

Во продолжение погледнете го видеото од поставените новинарски прашања:

  Категории: