Голем пожар на Малешевските планини од бугарска страна во општина Струмјани кој се движи на кај македонската граница – Malesh Net

Голем пожар на Малешевските планини од бугарска страна во општина Струмјани кој се движи на кај македонската граница – Malesh Net
јули 30 15:27 2024

Поради огромниот пожар што избувна напладне во општина Струмјани, се подготвува евакуација на луѓето во високите планински села на општината, меѓу кои и Цапарево. Пламените јазици се движат кон границата со Република Македонија. Испратени се две екипи на пожарникари, но ситуацијата е сериозна и затоа во гаснењето ќе бидат вклучени и авиони. Огромен пожар беснее исто така меѓу Каменица и Микрево пренесуваат колегите од бугарскиот портал ilindenpress.bg Пожарот, западно од реката Струма, во Малешевските планини, започнал во 12 часот и 30 минути помеѓу селата Микрево и Каменица, а чадот се гледа од Благоевград.

Силниот јужен ветер може да го засили пожарот. Не може да се изврши гаснење од земја, а гори борова шума на три километри од селото Цапарево.

Инаку општина Струмјани е збратимена општина на Берово, каде долги години меѓусебната соработка е на високо ниво. Со пограничната бугарска општина заеднички ги делиме Малешевските планини, па се надеваме дека ситуацијата со големиот пожар ќе биде под контрола.

Исто така се надеваме дека доколку е потребна помош треба да излеземе во пресрет на пријателската општина Струмјани.

-Десетици противпожарни служби од Сандански, Петрич, Благоевград, Дупница, Софија, Разлог и Банско и над 100 пожарникари, шумски вработени и волонтери од формациите на Општината Струмјани и општина Сандански се на терен да го сопрат пожарот кој поради ветерот брзо се движи кон границата со Македонија. За неколку минути огнот од теренот се пресели во иглолисните шуми на Малешевските Планини – пренесува порталот ilindenpress.bg

село Микрево во општина Струмјани
  Категории: