Во културниот центар ” Горан Алачки” во село Владимирово, денес се одржа прес конференција за фестивалот Фолк Фест Владимирово 2025 година, кој ќе се одржи на 29 Мај на празникот Спасовден, голем ден за жителите на Владимирово.
На настанот во своето излагање пред присутните, маестро Горан Алачки, емотивно го најави фестивалот, кој за него овој проект му е животно дело.
– За мене Фолк Фест Владимирово 2025 е животно дело, каде ќе бидат обединети сите диајени на македонштината, оние кои секојдневно ги слушате и кои се во нашата крв. Ова е национален проект, кој ќе го направи нашето село Владимирово една мека на македонштината и ќе бидеме центар на убавата музика – истакна Алачки.
Инаку културниот центар “Горан Алачки” во беровското село Владимирово, се темели и работи на три сегменти и тоа, едукација, обединување и потсетување.
Токму на денешниот настан, беше одадено потсетување и постхумно доделена награда за животно дело на великанот Ванчо Чавдарски, наголемиот диригент кој потекнува од селото Владимирово и кој инаку беше 9 години директор на Сиднеј опера хаус во Австралија.