Со 8 гласа за и 7 воздржани, на последната одржана седница на Советот на Општина Берово е именуван нов претседател, поточно е избран Петар Ружински, кординатор на советничката група на партијата Вмро-Дпмне.
Досегашното мнозинство во беровскиот Совет, го изгуби мнозинството, со излегување и самостојно делување на советникот Владо Методиев, кој поради како што наведува лични причини ја донел оваа одлука.
Досега советникот Методиев, беше дел од коалицијата на Сдсм, каде на последните локални избори, котираше на високо место на заедничката советничка листа, од каде што и доби мандат за член на Советот на Општина Берово.
Силите во Советот засега се со ново мнозинство, а токму советникот Методиев со оваа негова одлука донесе промена во распоредот на советничките места, а ќе го има одлучувачкиот глас од распределените по седум советници на двете најголеми партии во беровскиот Совет, што ќе претставува дополнителна тежина за негова крената рака на гласањето на седниците.
На 51-вата седница на Советот на Општина Берово, имаше жестока дебата по оваа точка, по што беше изгласана точката за смена на досегашниот претседател на Советот, Марија Буровска.
Инаку ова е трет претседател на Советот на општина Берово, само неполна година до локалните избори во есента наредната година. Претходно со Советот претседаваше професорот во пензија Стево Суџуковиќ, кој по краток период и по оправдани и лични причини даде оставка и го наследи неговата сопартијка Марија Буровска, за сега да биде сменета од Петар Ружински.
Што ќе се случува во следниот период во Советот на општина Берово, останува да видиме и да ги следиме седниците кои се пренесуваат во живо.
На Петар Ружински му честитаме за неговиот избор за претседател на Советот на Општина Берово, му посакуваме успешна работа и соработка со медиумот Малеш Нет и сите, во интерес на граѓаните на Берово.
Еве во продолжение што се случуваше на последната 51-ва седница на беровскиот совет: