(Видео) Низ Малешевијата ќе поминува балканската туристичка патека “Балканска рута-два чекори кон другите”

(Видео) Низ Малешевијата ќе поминува балканската туристичка патека “Балканска рута-два чекори кон другите”
октомври 29 22:13 2024

Со промотивен настан на кој беа презентирани резултатите од проектот Балканаска рута-два чекори кон другите, Здружението Амброзија ги заокружи проектните акитвности.


Проектот се имплементира во тек на 12 месеци, од ноември 2023, до октомври 2024 во партнерска соработка на здруженија од 5 балкански земји, со цел да се развие концепт
за пешачка патека долга 3500 километри долж Балканскиот зелен појас и да се
промовираат природните богатства лоцирани покрај патеката. Создавањето на патеката исто така има за цел зајакнување на локалните капацитети и едукација на младите за локалниот биодиверзитет.


Новата туристичка рута покрива околу 3.500 километри и опфаќа девет балкански земји: Бугарија, Србија, Романија, Косово, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Грција и Турција. По развој на концептот за патеката, од страна на партнерите беа анализирани можните опции и туристичката инфраструктура на ретен. Избраната рута и е верификувана на терен и обезбедени се детални GPS податоци и логистички информации.


Во Северна Македонија патеката е со должина од 663,65км, почнувајќи од границата со Бугарија кај Крива Паланка, па се до границата со Албанија кај Ќафасан. Поминува низ 2 национални паркови, 2 заштитени предели и повеќе делови со значајни природни вредности.

-Развивањето на идејата ќе постави стабилна основа за иден водечки проект за целата должина на Балканската пешачка патека, како дел од Европскиот зелен појас. Ова ќе придонесе за негување на локалните капацитети и едукација на младите во оваа многу динамично социо-економско време – истакна Јасминка Пашалиска Андоновска, претседател на здружението Амброзија од Пехчево.


Проектот се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку проектот „The BESTbelt”.

  Категории: