АВРМ со јавен повик за мерки за вработување.

АВРМ со јавен повик за мерки за вработување.
март 19 18:11 2018

Невработените лица и работодавачите од денеска можат да конкурираат за користење на мерките: „Обука за стекнување вештини од областа на банкарството“, „Практикантство“ и „Субвенционирање плати“.

Кандидатите за мерката „Субвенционирање плати“ кои ќе бидат избрани за вработување од работодавачите по претходно интервју, месечно од АВРМ ќе добиваат по 19.000 денари  за период од 3, 6 или 12 месеци, од кои 18.000 денари се субвенција на платата на вработеното лице и 1.000 денари за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока плата.

Субвенционирање плати“ е мерка која се однесува на невработени  евидентирани во АВРМ кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот.

Со мерката „Обука за стекнување на вештини од областа на банкарството“  ќе бидат опфатени 100 лица.  Може да аплицираат невработени со најмалку средно образование со поднесување пријава во центарите за вработување за учество во еден од шестте понудени модули.  Право на учество во мерката ќе имаат лицата кои ќе бидат најдобро рангирани на квалификацискиот испит  што ќе го спроведе Академија за банкарство и информатичка технологија.

„Практиканство“,е мерка за невработени млади до 29 години и невработени до 34 години евидентирани во АВРМ со најмалку средно образование без работно искуство, кои може да аплицираат за учество во тримесечна или шестмесечна практична работа. Избраните кандидати  месечно ќе добиваат по 9.000 денари.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.