33 ГОДИНИ КОМПАНИЈАТА „ЗЕГИН“ ЈА ПОДДРЖУВА НАЈМАСОВНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ

33 ГОДИНИ КОМПАНИЈАТА „ЗЕГИН“ ЈА ПОДДРЖУВА НАЈМАСОВНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ
јануари 19 18:53 2022

Компанијата ЗЕГИН, во име на традиционалните христијански вредности на македонскиот народ, веќе 33 години донира бројни подароци по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Оваа година компанијата ЗЕГИН, во 60 градови и населени места, донираше преку 3000 маици низ цела Македонија, додека за најсреќните учесници кои го фатија Богојавленскиот крст, донираше и машини за перење алишта .

-Како и секогаш така и оваа година, нашата компанија која е генерален спонзор на најголемиот црковен собир Богојавление – Водици, донираше 3000 мајци и машини за перење алишта во шеесет населени места.Реката Брегалница за граѓаните од источна Македонија е реката Јордан, бидејќи во неа се крштевале и крунисувале Пајонските кралеви.Сакаме да упатиме честитки до сите православни христијани на денешниот голем празник, со желби за здравје и благосостојба во секој дом – додадоа од компанијата.

Компанијата ЗЕГИН е докажано општествено одговорна компанија која не застанува тука.Тие постојано донираат материјални и финансиски средства на многу општествени установи и на граѓани кои имаат потреба од помош, како и поддршка на разни манифестации во земјата и странство.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.