ЈАНУШЕВ ОД БЕРОВО:НАД 1000 ПРОЕКТИ,ЗА СЕКОЈ ГРАЃАНИН ДА ЖИВЕЕ ПОДОБРО.

ЈАНУШЕВ ОД БЕРОВО:НАД 1000 ПРОЕКТИ,ЗА СЕКОЈ  ГРАЃАНИН ДА ЖИВЕЕ ПОДОБРО.
јуни 28 19:34 2020

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3, Игор Јанушев денеска беше во посета на Берово.Тој најпрво го посети манастирот Св. Архангел Михаил, потоа оствари средба со граѓаните на градскиот плоштад во Берово, каде ја престави програмата и истакна дека се предвидени илјадници проекти буквално за секого.На 15 Јули додаде Јанушев,граѓаните ќе ги исправат неправдите и уценувањата од актуелната власт на СДСМ и ќе ги испратат во политичка историја и порача дека во рок од 6 месеци секој кој направил криминал ќе одговара без разлика на политичка партија.

Генералниот секретар Јанушев се осврна и на лажните ветувања за граничниот премин „Клепало“ во Берово, уцените на вработените во Македонски шуми, како и единственото нешто што успеа да го направи гарнитурата на СДСМ во овие три години за живот на неколкумина од врвот на актуелната власт.

На денешната средба во Берово во рамките на кампањата за предвремените парламентарни избори, исто така присуствуваа и кандидатите за пратеници од ИЕ3,Иванка Василевска од Скопје,Драган Ковачки и Христина Смилевска од Делчево и Цветанка Каракашева од Пехчево, каде имаа и свое излагање.