Честитка од градоначалникот Пекевски до беровските матуранти

Честитка од градоначалникот Пекевски до беровските матуранти
мај 20 15:57 2022

Драги матуранти,

Денеска Берово испраќа уште една генерација на успешни ученици, подготвени за нови предизвици во животот, за чекорење кон нови патишта и успеси и отварање на нови хоризонти.

На заокружувањето на процесот на средношколско учење, на оваа генерација,  можеме да упатаме посебни пофалаби за трудот на учениците во изминатите четири години и за успешното справување со сите предизвици со кои се соочија и во текот на школувањето и во текот на нивниот младински живот.

Тука би сакал да искажам голема благодарност и до вашите професори, кои на секој начин се трудеа несебично да ви ги пренесат нивните знаењата, справувајќи се со  сите предизвици на модерното време.

Во име на општина Берово и во мое лично име упатувам срдечни честитки по повод  матурирањето, посакувајќи Ви многу успех и остварување на сите ваши соништа.

Драги наши матуранти,

Ви го честитам матурирањето, со желби за добро здравје,среќа и успех во натамошниот живот, Ви посакувам успешно да чекорите по вашите животни патишта и да  бидете гордост на вашите родители, на вашите семејства и на сите нас.

Ви посакувам убава матурска вечер, пријатно дружење и многу забава.

БЕРОВО СЕ ГОРДЕЕ СО ВАС!

Нека ви е со среќа матуранти, посакувам  уште многу успеси понатаму!

Градоначалник на општина Берово

Звонко Пекевски

  Категории: