Финансиска поддршка од 100.000,00 денари за ППК ,,Зегин” од Берово

Финансиска поддршка од 100.000,00 денари за ППК ,,Зегин” од Берово
јуни 16 15:06 2022

Денеска Градоначалникот на Општина Берово,го потпиша договорот со кој, на пингпонгатскиот клуб ,,Зегин” од Берово, се доделуваат 100.000,00 денари, за реализирање на активностите на клубот, преку Програмата за развој на спорт и спортско рекреативни активности, на Општина Берово, за 2022 година.

Членовите на ППК ,,Зегин” од Берово, изминатиот период постигнаа врвни спортски резултати, при што само на почетокот на натпреварувачката сезона се закитија со 17 пехари и 40 медали.

Со желби да продолжат да работат и да постигнуваат уште поголеми резултати,  општина Берово ќе го поддржи клубот за реализирање на активностите и развој на клубот, како и за да можат успешно да ја реализираат натпреварувачката сезона.

Градоначалникот Пекевски, уште еднаш упати срдечни честитки за постигнатите резултати и благодарност што  ППК ,,Зегин”, секаде се претставува во најдобро светло  и што е гордост за Берово и беровчани.

  Категории: