Филипче ги соопшти новите мерки: Воведуваме задолжителна вакцинација за сите кои земаат плата од државата

Филипче ги соопшти новите мерки: Воведуваме задолжителна вакцинација за сите кои земаат плата од државата
ноември 17 11:43 2021

Сите вработени во јавниот сектор во локалната самоуправа, за да се појават на работа ќе треба да приложат потврда за најмалку една примена вакцина против Ковид-19, негативен ПСР тест, не постар од 72 часа, направен на сопствен трошок или потврда за прележан Ковид, не постар од 45 дена, се предлог мерките коишто Комисијата за превенција од заразни болести консензуално го донела на денешната средба.

Како што кажа Филипче од мерките се изземени случаите на ретки имунолошки состојби.

„Тоа се ретки имунолошки состојби за што ние ќе излеземе со соодветна листа на болести“, рече Филипче.

Препораката од министерството е кон мерките да се приклучат и приватните компании.

  Категории: