ТУРНИР ВО УЛИЧНА КОШАРКА „Streetball БЕРОВО 2018“

ТУРНИР ВО УЛИЧНА КОШАРКА „Streetball БЕРОВО 2018“
јули 17 01:57 2018

Здружението на граѓани Maleshnet под мотото “Подобро на баскет, подобро на спорт отколку пред компјутер” организира турнир во баскет (3 на 3) – Streetball Берово 2018.

Турнирот ќе се одржи од 4 август до 6 август на спортското игралиште кај старата гимназија во Берово.

Учество на турнирот може да земат сите рекреативци и љубители на кошарката. Пријавувањето е во тек и ќе трае додека не биде исполнета бројката од 16 екипи. Екипите треба да се состојат од 3+1 играчи, а за учество се плаќа котизација во вредност од 600 денари.

Најуспешните три екипи ќе добијат вредни награди и ќе има голем број на изненадувања. По заврашувањето и во тек на натпреварите за забавата ќе се погрижи DJ Sene кој ќе ве забавува со звуците на Old School HIP HOP музиката.

Контакт за пријавување и информации:
Горан Каракутовски-КЕКИ – 077 600 363
Борис Двојаковски – 070 309 547

  Категории: