СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ НЕМА ДА СЕ ОТВОРАТ ДО КРАЈОТ НА АКАДЕМСКАТА ГОДИНА, ВЕЛИ МОН.

СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ НЕМА ДА СЕ ОТВОРАТ ДО КРАЈОТ НА АКАДЕМСКАТА ГОДИНА, ВЕЛИ МОН.
јуни 02 00:20 2020

Студентските домови нема да бидат отворени до крајот на актуелната академска година, изјавија за порталот Факултети.мк од Министерството за образовани и наука. Оттаму објаснуваат дека сè уште нема соодветни услови за да бидат отворени домовите.

Студентите што живеат надвор од Скопје и се сместени по студентските домови во последните десетина дена се во недоумица и постојано прашуваат кога ќе бидат отворени домовите. На 19 мај беше донесена одлуката за пролонгирање на јунската сесија на УКИМ. 

Преку Универзитетското студентско собрание на УКИМ тие упатија апел да се отворат домовите за да можат соодветно да се посветат на јунската испитна сесија. Тие дури посочуваа дека очекуваат посебен протокол за безбедна работа на студентските домови, што би се однесувала и на студентите и на персоналот на домовите. 

Академската година завршува на 30 септември. 

Извор: факултети.мк

  Категории: