ВИДЕО:СПЕКТАКУЛАРЕН ПОЧЕТОК НА ТУРНИРОТ ВО УЛИЧЕН БАСКЕТ “BEROVO STREETBALL 2018”

август 05 12:07 2018

Со спорт, забава и многу луѓе вчера вечер започна турнирот во улична кошарка Berovo Streetball 2018.Навистина прекрасна гледка која му недостигаше на градот.Организацијата беше на високо ниво па може да се каже дека ваков организиран настан ретко се случува и во поголемите градови во државата.

Сите присутни уживаа во добрата кошарка на екипите кои до самиот крај се бореа на теренот.Безрезервната подршка од многубројната публика, како и звуците на Хип Хоп музиката, ја направија вечерта за паметење.

Кошаркарскиот турнир продолжува и вечерва со почеток од 19 часот, каде се очекува да присуствуваат уште повеќе луѓе, додека следуваат и парична награда за најдобар тројкаш од публиката и вреден баскет за најдобар јуниор во слободни фрлања.

Еве моменти од синоќешната прва вечер на турнирот Berovo Streetball 2018, како и табелата со останатите екипи кои ќе се натпреваруваат за вредните награди и тоа:

1.место – 15.000 денари

2.место – 10.000 денари

3.место – 5.000 денари