СО ПРЕВЕНТИВНИ БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ ВО БЕРОВО СЕ ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

СО ПРЕВЕНТИВНИ БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ ВО БЕРОВО СЕ ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО
април 07 13:22 2022

По повод светскиот ден на здравјето, Здравниот Дом во Берово денес организира превентивни бесплатни прегледи во центарот на градот.Честитајќи им го денешниот ден на сите здравствени работници, директорката на Здравниот Дом истакна дека во акцијата се врши бесплатна проверка на шеќер во крвта,мерење на притисок и телесна тежина, како и консултации со граѓаните за нивното здравје.

-Поповод денешниот светски ден на здравјето, на плоштадот во Берово организираме бесплатни прегледи на граѓаните каде што е предвидено мерење на шеќер во крвта, мерење на притисок и телесна тежина, со цел подигање на свеста кај населението, дека превентивните прегледи се битни за навремено откривање на пореметувања во човечкиот организам.Воедно сакам да апелирам и да ги охрабрам нашите сограѓани кои не ја примиле првата доза на вакцина против Ковид 19, да го сторат тоа во нашата установа.Спремни сме како во 2021 година да излеземе на теренска имунизација во секое населено место во Малешевијата.Им го честитам денешниот ден на сите здравствени работници и соработници и упатувам голема благодарност за тешката битка која ја водевме овие две години со сеуште присутната пандемија – рече спец.д-р Весна Коловска директор на ЈЗУ Здравен Дом во Берово.

Интересот на Беровчани за превентивните бесплатни прегледи е голем, а предвидени се по 100 прегледи во денешната акција.

Овој ден е посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).

Светскиот ден на здравјето првпат беше одбележан во 1950 година и оттогаш е насочен кон подигање на јавната свест за здравствените проблеми. Овој ден се слави како потсетник за основањето на Светската здравствена организација, со цел да се привлече вниманието на најважните здравствени проблеми во светот.

  Категории: