Славе Сирачевски од Аурора Турс доби признание за животно дело во туризмот

Славе Сирачевски од Аурора Турс доби признание за животно дело во туризмот
септември 27 18:16 2022

По повод 27 септеври – Светскиот ден на туризмот, истакнати членови на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија се закитија со Признание за животно дело заради оставање на препознатлив и уникатен белег во дејноста и давање на значаен придонес за развој на туризмот во нашата земја.

Овие признанија ги врачи министерот за економија, Крешник Бектеши на 20 истакнати туристички работници, а со вакво признание се стекна и Славе Сирачевски од Аурора Турс.

-Денес заедно со многу претставници од секторот на туризам, факултети за туризам, доајени на туристичката индустрија, угостители и други, го одбележивме 27 Септември – Светскиот ден на туризмот, под глобалното мото “Rethink Tourism“. Со повод на овој ден имав можност да доделам признанија за животно дело на 20 истакнати туристички работници.Туризмот во последниве години се соочува со многу предизвици и потребно е наредните чекори заеднички да ги преземеме, со цел да го вратиме туризмот на местото кое го заслужува -истакна министерот Бектеши.

Како што кажа министерот според податоците во првите шест месеци годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 53,3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13,7 %, а кај странските зголемувањето е за 109,9 %.

-Туризмот е и ќе биде приоритет на Владата на РМ бидејки сме свесни дека е една од најзначајните гранки во економијата на нашата држава, стои во Фејсбук објавата на министерот за економија, Крешник Бектеши.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02erULMxXwZt8zz6XPaj5DrRGYu2uNZnLZcPKHZvfdKrTKrwu64zSXJbxB7TiqaCndl&id=100044464358055

Признанија за животно дело беа доделени на: Илија Камнар (постхумно), Зибер Бислими (постхумно), Енвер малиќи (постхумно), Ставре Николовски (постхумно), Олгица Илоска (постхумно), Миомир Рафајловски, Јуксел Керим, Дончо Таневски, Славе Сирачевски, Мирослав Чоневски, Менан Мемеди, Петар јанев, Меџит Цапа, Стефан Мишевски, Радослав Симевски, Јован Танаскоски, Миле Спироски, Стојан Филипоски, Ангел Иванов, Перо Митров.

  Категории: