СИЛНИОТ ВЕТАР ВО ДЕЛЧЕВО ОДНЕСЕ ЛИМЕН КРОВ НА ЗГРАДА,ЗА СРЕЌА НЕМА ПОВРЕДЕНИ.

СИЛНИОТ ВЕТАР ВО ДЕЛЧЕВО ОДНЕСЕ ЛИМЕН КРОВ НА ЗГРАДА,ЗА СРЕЌА НЕМА ПОВРЕДЕНИ.
август 05 15:56 2020

Невреме со силен ветар денес околу 13 часот го зафати градот Делчево. Ветарот успеа да откорне неколку лимени покриви меѓу кои и на една од зградите во центарот на градот. 

Во моментот на паѓањето на покривот немаше случајни минувачи и автомобили освен еден граѓанин кој во тој момент поминувал од спротивната страна спрема зградата каде падна лимениот покрив.

Поради врнежите од дождот во моментот ветрот стивна и е со послаб интензитет. Освен паднатите лимови од кровните конструкции од сикниот ветар настрадаа и поцеќе кабли поставени на пониските бандери како и ќерамиди на куќите од повисоките делови на градот.

Силниот ветар го сруши покривот на зградата во центарот на градот

Силниот ветар сруши покрив на зграда во центарот на градот. За среќа нема повредени

Публикувахте от delcevo365.mk в Сряда, 5 август 2020 г.

Извор: делчево365

  Категории: