СЕ ТРАГА ПО 39 ГОДИШНИОТ АЛЕКСАНДАР ОД БЕРОВО.

СЕ ТРАГА ПО 39 ГОДИШНИОТ АЛЕКСАНДАР ОД БЕРОВО.
мај 12 12:48 2021

По пријава од семејството, полицијата трага по исчезнатото лице Александар Черговски од Берово, кој живее и работи во Германија.Неговото семејство информира дека тој пред три месеци тргнал од Германија за Македонија поточно во Берово, а последен пат е регистриран од камерите на граничниот премин Табановце.

-Почитувани претставници на медиумите Ве замолувам да ја објавите веста за исчезнувањето на нашиот сакан син, девер и чичко Александар Черговски со прекар МАЛИ Радио МК. Имено тој од Германија е излеен на 18.02 2021 год со цел да дојде во Македонија поточно во Берово во својот дом . Последна информација е дека ја преминува МКД граница и е забележан на Табановце од страна на нашите цариници односно регистриран е од видео надзорот и пасошката контрола , но од тогаш му се губи секоја трага.Веднаш е алармирано во Полицијата а известен е и Интерпол од страна на семејството кое живее во Берлин.Ги замолувам сите пријатели кои имаат било каква информација за него да не исконтактираат со цел за негово пронаоѓање – велат од неговото семејство.

Според наши извори, лицето на граничниот премин слегол од автобусот и тргнал пеш во непознат правец, од каде му се губи секаква трага.

Од СВР Штип го потврдија случајот и рекоа дека се работи на пронаоѓање на лицето.

-По пријава на Итерпол од Германија, секторот за меѓународна полициска соработка во МВР, постапува по пријавата за пронаѓање на лицето, каде што се направени контакти и проверки на неколку локации – додаде Гордана Панајотова потппарол на СВР Штип.

  Категории: