СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА “ШИРИНАТА” КОЈА НЕОДАМНА БЕШЕ ПРЕИМЕНУВАНА ВО “ЖАН КОФОЛ”

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА “ШИРИНАТА” КОЈА НЕОДАМНА БЕШЕ ПРЕИМЕНУВАНА ВО “ЖАН КОФОЛ”
април 27 12:56 2022

Продолжува подобрувањето на патната инфраструктура во градот, со изградба на ул. ,, Ширината”, која неодамна беше применувана во ул.,,Жан Кофол”.

Градоначалникот Пекевски денес на терен извши увид во градежните работи, каде што се реконструира улицата во должина од 575 метри, ширина на коловозот на улицата од 6 метри, односно 2 коловозни ленти со ширина од по 3 метри, при што се врши подигање и спуштање на канализационите шахти, тампонирање со дебелина од 10 cm, после што улицата ќе се асфалтира во 2 слоја, со дебелина од 12 cm.


Со реконструкцијата на оваа улица, голем број жители од новата населба во Берово, добиваат олеснет пристап до своите семејни куќи и централното градско подрачје и се заокружува поголема целина на патна мрежа во градот.

Сретствата во износ од 4.465.809,00 се обезбедени од Буџетот на општина Берово за 2022 година.